„Croatia Airlines“ повторно на продажба
Откако окружниот суд донесе одлука за забрана на штрајкот во „Croatia Airlines“ на 9 август, Врховниот суд забраната ја потврдил и вчера пренесува хрватски Пословни.хр.
Но, додека окружниот суд пресудли дека штрајкот е забранет бидејќи синдикатите на Организацијата на работници на „Croatia Airlines“ не преговарал со добра волја за склучување нов колективен договор, Врховниот суд пресуди дека не се исполнети законските претпоставки за согласност на штрајкот бидејќи пред најавата на тој штрајк не била спроведена постапка за помирување.
Синдикатите на „Croatia Airlines“ година дена најавуваат штрајк во таа компанија, а кој повеќе пати се пролонгирал.
Последното пролонгирање, како што се пишува, било во почетокот на јуни при интервенција на ресорниот министер Олег Бутковиќ, но и самиот премиер Андреј Пленковиќ, кои ветиле дека ќе ги решат барањата на синдикатите, кои пред се, се однесуваат на нов колективен договор.
„CA“ уште од 2013та бара стратешки партнер во мандатот на премиерот Зоран Милановиќ.
Сега повторно неофицијално е најавено од Владата дека во наредните денови би требало да биде објавен повик за стратешки партнер.
Фото: croatiaweek
