Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРНОГОРСКИ АНАЛИТИЧАР: Црна Гора морала да спречи бегство на Груевски

ЦРНОГОРСКИ АНАЛИТИЧАР: Црна Гора морала да спречи бегство на Груевски

Црногорските безбедносни служби морале да спречат екс премиерот на Македонија преку територијата на Црна Гора да избега во Унгарија и така да ја избегне затворската казна, оценува црногорскиот аналитичар Благоје Граховац.

Груевски, вели тој, лесно поминал низ Црна Гора бидејќи му припаѓа на истото братство како и челниците на ДПС кои владеат веќе три децении.

Претпоставувам дека црногорските претставници ќе се правдадат дека не сакале да му ја ускратат слободата на движење на еден човек, тврди Граховац за подгорички Вијести.

Тој предупредил дека претствниците на власта му помогнале на Груевски да избега од затворската казна во Македонија и така му нанеле штета на угледот на Црна Гора.

-Црногорската власт требало да го спречи влегувањето на Груевски на своја територија. На цел регион му е познато дека против поранешниот македонски премиер се води судска постапка за тешки кривични дела. Познато е дека му се одземени патните исправи за да не би можел да побегне во странство. Тоа го знаат и оние кои не се занимаваат со политика, а сигурно им е познато и на оние кои се занимваат со воспоставен режим на безбедност во некои држави-нагласил аналитичарот.

Избеганиот Груевски побарал азил во Унгарија, во која допатувал преку Албанија, Црна Гора и Србија, но се уште нема официјална потврда каде е тој во моментот.

Македонските служби со правни лекови ќе бараат негова екстрадиција, ако земеме предвид дека Македонија и Унгарија немаат склучено договор за екстрадиција.

Слично

Поврзани вести