Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црногорската влада ќе ги ограничи цените на лебот

Црногорската влада ќе ги ограничи цените на лебот

Црнa Гора ќе дели социјални бонови и масло за јадење. 

Владата планира да ги ограничи цените на лебот, да дистрибуира масло за јадење за околу 25.000 домаќинства и да обезбеди социјални ваучери за помош на најсиромашните. Владата, на предлог на Министерството за економски развој (МЕД), денеска треба да ги ограничи максималните малопродажни цени на лебот од бела пченица.  Максималната малопродажна цена на лебот од бела пченица, тежок од 500 до 600 грама, според владиниот предлог, ќе биде 50 центи. За леб од 300 грама до 400 грама, максималната цена ќе биде 40 центи. 70.000 литри масло ќе им бидат дистрибуирани на 25.000 домаќинства.

Социјалниот ваучер е за загрозени граѓани, кои ќе можат да купат стока во вредност од 30, 50 и 100 евра во маркети што ќе бидат избрани на јавен повик.

Лани во црногорските продавници имаше зголемување на цените на лебот, брашното, маслото, шеќерот, месото, јајцата, млекото, а аналитичарите велат дека тоа е последица на растот на светската побарувачка. 

Со оваа мерка ќе им се помогне на сиромашните граѓани. Бидејќи сме во време на пандемија, и другите држави делеа ваучери за да им помогнат на граѓаните. 

Слично

Поврзани вести