Црногорец со автомобил полн калашникови со терористички заговор во Париз
Црногорецот Вучелиќ В. (51) се појави на суд во Германија со обвинение дека во автомобилот пренесувал цел арсенал на оружје со калашинкови, муниција и експлозив, а се упатувал кон Париз, најверојатно како дел од терористички заговор. Тој бил приведен при рутинска контрола во Баварија, а на ГПС локаторот имал внесено адреса во Париз поврзани со терористи.
Вучелиќ пред судот се изјасни за виновен за пренесување на оружјето, но тврди дека не бил поврзан со терористите од Париз кои минатиот ноември изврши тежок масакр. Обвинителството се сомнева дека тој тргнал една недела пред нападот со цел да ги снабди терористите во Париз. Инаку дел од оружјето кои тие го користеа беше со југословенско потекло.
Слично
