Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црногорците најмногу користат мобилни телефони, Македонците на 77. место

Црногорците најмногу користат мобилни телефони, Македонците на 77. место
Црна Гора е водечка земја на Балканот по кoристење мобилни телефони, покажува последното истражување на Глобалниот индекс на конкурентност на Светскиот економски форум. Според истражувањето, Црна Гора во просек има 178 претплатници на 100 жители. Оваа бројка ја става Црна Гора на 9. место на листата нс СЕФ по користење на мобилни телефони по глава на жител. По Црна Гора следи Хрватска која е рангирана 65-та на листата со 113 претплатници на 100 жители. Албанија и Македонија со 108 претплатници на 100 луѓе се наоѓа на 75-то и 77-то место на листата. Србија е со 93 претплатници на 100 жители. БиХ со 89 претплатници на 100 жители.  
Слично

Поврзани вести