ЦРНОГОРЦИТЕ БЕСНИ: Кој им ги ограбува туристите?
Такси превозниците кои ги наплаќаат своите услуги многу повеќе отколку што е нивната реална цена претставуваат најголем проблем за црногорскиот крајбрежен туризам.
Тоа го оценил претседателот на Црногорското туристичко здружение Жарко Радуловиќ.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, тој рекол дека таксистите и го расипуваат имиџот на Црна Гора.
„Со тоа нивно крадење, сите стануваме градци. Не е работата во парите, туку човек се чуствува повреден. Зошто на тоа не ставите крај, и јас се прашувам. Ние неодамна почнавме да зборуваме за градбите, дилерите на соби, пица парче. Да почневме порано, ова не би било“, објаснува Радуловиќ.
Според негови зборови , не е добро што се гради во тек на сезона, но ако тоа се работи кои може да се завршат за ден или два, тоа не може да ја поремети туристичката сезона.
„Тоа ништо нема да влијае на сезоната. Повеќе ќе влијае десет таксисти кои ќе ограбат десет туристи на разни релации и ќе им наплатат километар од седум евро, тоа повеќе ја загрозува сезоната отколку градилиштето. Тоа е нешто што е неминовно, тоа ќе се заврши, и потоа после тоа долга низа години ништо нема да се гради и гостите ќе може да одмораат“, вели Радуловиќ.
