Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црно сценарио од Европа: Можен е недостиг на гориво

Црно сценарио од Европа: Можен е недостиг на гориво

Европската унија ги предупреди земјите членки дека продолжувањето на конфликтот со Иран може да предизвика сериозни нарушувања во снабдувањето со енергенси и да доведе до потреба од намалување на потрошувачката на гориво, јавуваат дипломатски извори за Ројтерс.

Глобалните резерви на енергија веќе се намалуваат поради фактичкото затворање на Ормускиот теснец – клучна точка низ која минуваат околу 20 отсто од светската нафта и течниот природен гас.

Иако Европа засега не се соочува со директен недостиг, веќе се чувствува притисок преку раст на цените на нафтата и гасот. Аеродромите предупредуваат дека првите проблеми со снабдување со авионско гориво може да се појават во наредните неколку недели.

На затворен состанок со амбасадорите на ЕУ, Европска комисија разгледувала две можни сценарија. Во случај на примирје меѓу САД и Иран и повторно отворање на теснецот, се очекува стабилизација на снабдувањето и постепено намалување на цените во наредните месеци.

Спротивно на тоа, доколку конфликтот продолжи, се предвидува силен раст на цените и долготрајни нарушувања на пазарот. Во таков случај, може да дојде до таканаречено „уништување на побарувачката“, односно присилно намалување на потрошувачката на енергенси.

Дипломатите предупредуваат дека Европа би можела да има сериозни потешкотии да ги наполни резервите на гас пред зимата, а не се исклучуваат ни локални недостиг на гориво, особено во авијацијата.

Иако Европската унија најголем дел од енергенсите ги увезува од земји како САД и Норвешка, таа останува чувствителна на глобалните ценовни шокови. Поради тоа, се разгледуваат мерки како намалување на даноците за електрична енергија и забрзување на инвестициите во чисти технологии, со цел намалување на зависноста од фосилните горива.

Србија данас

Слично

Поврзани вести