Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црнгорец загинал во борбите во Украина

Црнгорец загинал во борбите во Украина

Државјанин на Црна Гора загинал во Украина, борејќи се на страната на Украинците. 

Еден од лидерите на црногорскиот Демократски фронт (ДФ) и претседател на Демократската народна партија (ДНП), Милан Кнежевиќ, изјави дека „меѓу 6.956 платеници од целиот свет кои се борат против Русите во Украина“, имало и двајца Црногорци. 

„И што ќе правиме сега? Да испратиме 20 војници во Летонија или Ранко Кривокапиќ ќе го испрати Лавров во воз?Свети Петар најдобро нѐ знае“, напиша Кнежевиќ на Твитер.

Русија објави дека и македонски платеници загинале во Украина. 

Податоците од Министерството за одбрана на Русија објавени на редовниот брифинг со новинарите утрово покажуваат дека станува збор за 21 лице.

foto EPA/OLEG PETRASYUK

Слично

Поврзани вести