Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора започна со пронаоѓање на нафта, пристигнува и најголемиот норвешки брод за истражување

Црна Гора започна со пронаоѓање на нафта, пристигнува и најголемиот норвешки брод за истражување

Чамци за сеизмички истражување пристигнаа во територијалните води на Црна Гора со инструменти за барање на нафта и гас на јадранското дно.

Најголемиот норвешки брод за оваа намена Polar Empress долг 117-метри метри пристигнува на  10 ноември кога ќе започне посериозната истрага на геолошпките истражувања и мерења.

Студиите се планирани на околу 1.200 квадратни километри од морското дно, а концесијата за експлоатација ја доби италијанско-рускиот конзорциум Eni-Novatek.

Со помош на звук, како и посебни геомикрофони, кои се на неколку километри долги кабли поврзани со садови, ќе се утврди дали во црногорскиот брег постојат ефективни наоди за комерцијална експлоатација на нафта и гас.

Од Одборот за јаглеводородинајавуваат дека Црна Гора ќе има удел во можните приходи и тој е дефиниран од страна на законот за истражување и производство на јагленоводороди.

"Државата ќе добива такса за произведена нафта и гас во форма на данок од 54 проценти од вредноста. Се проценува дека во земјата, во зависност од степенот на искористување можна е добивка од 62 и 68 отсто од вкупните приходи од овие активности ", рече црногорскиот орган за јаглеводород.

Се планира истражувањето да трае до 21-ви декември.


Слично

Поврзани вести