Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора во паника од ебола – еден патник во карантин!

Црна Гора во паника од ебола – еден патник во карантин!
Едно лице во Црна Гора е ставено во карантин, откако допатувало од држава во која вирусот е присутен. Засега ова лице е само под здравствено набљудување, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора. Сепак, од Институтот нагласуваат дека во моментот во земјата нема ниту едно лице за кое постојат основани сомненија дека боледува од оваа високозаразна болест. Во меѓувреме, властите во Гвинеја, една од земјите погодени со епидемија на ебола, прогласија вонредна состојба откако за два дена починаа 56 пациенти заболени од оваа болест. Претседателот на Гвинеја Алфа Конде изјави дека „вонредната санитарна состојба“ е воведена во согласност со пропистите на Светската здравствена организација. Со ова, бројот на жртви од смртоносната хеморагична треска, за која уште нема ниту вакцина, ниту лек, во Западна Африка се искачи на 1.065, од вкупно заболените 1.975 лица.
Слично

Поврзани вести