Црна Гора во длабок минус – извозот вреден само 200 милиони евра!
Надворешнотрговската размена на Црна Гора во првите осум месеци од годинава, според првичните податоци, изнесува 1,38 милијарди евра. Тоа е пад за 4% во однос на лани, а речиси целосно отпаѓа на увоз - 1,18 милијарди евра.
Во овој период Црна Гора увезла најмногу храна и тоа во износ од 264,2 милиони евра. Само за увоз на месо и преработки биле потрошени 79 милиони евра, а за житарици и производи од жито - 36,3 милиони евра, покажаа податоците на црногорската Агенција за статистика МОНСТАТ.
Вкупниот извоз од Црна Гора вредел помалку од увозот на храна - 206,1 милиони евра и забележал пад од речиси 20% на годишно ниво. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 17,5% и е пониска од истиот период лани, кога била 21,6%.
Главни трговски партнери за извоз биле Србија, Хрватска и Белорусија, додека за увоз - Србија, Грција и Босна и Херцеговина.
Слично
