Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амбициозна Црна Гора – за три години економски тигар на Балканот!

Амбициозна Црна Гора – за три години економски тигар на Балканот!
Владата на Црна Гора ги усвои новите насоки на макроекономските и фискални политики во следните три години, со кои државата планира да го забрза овој својот економски раст. Во соопштението од седницата на Владата на Црна Гора се неведува дека во наредните три години ќе се постигне побрз раст на црногорската економија преку ангажирање на локалните потенцијали, особено енергијата и туризмот, како и со умерено зголемување на кредитирањето. Со цел да се создаде систем на одржливи јавни финансии на среден рок, планирано е намалувањето на процентуалното учество на јавната потрошувачка во БДП, од 37 проценти во 2014 година па се до  34,1 отсто во 2016 година, соопшти црногорската влада. Оттаму додаваат дека поради рестриктивните  политики за управување со расходите, се проценува дека дефицитот на јавниот сектор од 1,9 отсто од БДП во 2013 година ќе треба да се намали во 2014 година на еден процент, во 2015 на 0,8 отсто, за во 2016-та да се намали на околу 0,6 проценти од БДП. Владата на Црна Гора го усвои Предлог законот за заштита на потрошувачите, кој како што се вели, е усогласен со законодавството на ЕУ во оваа област, а неговото донесување ќе се постигне со значително подобрување на заштитата на потрошувачите на пазарот во Црна Гора. Новите мерки, како што се планира треба да ја направат Црна Гора економски тигар на Балканот.  
Слично

Поврзани вести