Црна Гора сака со кабел под Јадранско Море да се поврзе со Италија, ама не дозволува – Хрватска
Министерството за економија на Хрватска ја извести Црна Гора дека предложената траса на проектот за поврзување на оваа земја со Италија преку подморски кабел нема да биде одобрена, затоа што поминува низ дел од Јадранското Море каде што ќе се вршат испитувања за нафта и гас.
„Став на Министерството за економија на Хрватска е генерално да не се спротивставува на подморски електрични водови низ дел од епиконтиненталниот појас на Хрватска, но предложената траса не може да се одобри додека не се познати идните граници на консециските подрачја за експлоадација на јаглеродводород во епиконтиненталниот појас на нашата држава“, стои во соопштението од хрватското Министерство.
Епиконтиненталниот појас на државите кои имаат излез на море го опфаќа делот од морското дно и подземјето во кој крајбрежната држава има ексклузивно право за искористување и истражување на природните богатства.
Хрватска предлага трасата на кабелот да не ја поминува границата на територијалното море меѓу Хрватска и Црна Гора и границата меѓу епиконтиненталниот појас меѓу Црна Гора и Италија за да нема потреба од хрватско одобрување.
Кабелот треба да го постави приватната компанија Терна, со која уште во 2010 година Црна Гора и Италија потпишаа договор за воспоставување на подморска интерконекција.
