Црна Гора: Просечната мајска плата изнесува 478 евра
Просечната бруто плата во мај 2014 година во Црна Гора изнесуваше 726 евра, додека просечната заработка без даноци и доприноси (нето) изнесуваше 478 евра, прнесуваат црногорските медиуми.
Во однос на април, кога изнесуваше 474 евра, просечната нето заработка во мај бележи раст од о,8 одсто, а во однос на мај 2013 година е пониска за о,2 одсто, соопштува црногорската агенција за статистика Монстат.
Ако се има предвид дека потрошувачките цени во мај во однос на април пораснале за 0,3 одсто, произлегува дека реалните нето заработувачки во истиот месец се зголемени за 0,5 одсто, се наведува во соопштението на Монстат.
Слично
