Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора: Прелети на руски авиони може, но кај одредени исклучоци

Црна Гора: Прелети на руски авиони може, но кај одредени исклучоци


Црна Гора не дозволува прелети на руски авиони над нејзина територија, освен во одредени исклучоци, кои во овој случај не би можеле да се земат предвид. Ова го соопшти црногорското МНР, повикувајќи се на фактот дека Црна Гора заедно со Бугарија и Македонија го забрани прелетот на авионот со кој во Белград требаше да пристигне рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Потсетија дека Владата на седницата на почетокот на април ги усвои измените на Одлуката за воведување меѓународни рестриктивни мерки утврдени од Советот на Европската унија 2014/512/ЗНБП од 2014 година, со оглед на руската агресија која ја дестабилизира ситуацијата во Украина, а согласно Законот за меѓународни рестриктивни мерки.

Забраната не се применувала само во случај на принудно слетување или присилно прелетување.

„Во согласност со оваа Одлука, а имајќи предвид дека Црна Гора е сто проценти во согласност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Црна Гора не дозволува руски авиони да летаат над нејзината територија, освен во одредени исклучоци, што не може да се земени во предвид во овој случај“, се вели во соопштението.



Слично

Поврзани вести