Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРНА ГОРА ПРЕД СУДБОНОСНИ ИЗБОРИ: Ѓукановиќ го рушат Србите и Русите?

ЦРНА ГОРА ПРЕД СУДБОНОСНИ ИЗБОРИ: Ѓукановиќ го рушат Србите и Русите?

Црна Гора е повторно пред (уште едни) судбоносни изброи. А такви се од 1996 година кога, сегашниот ненадминилив лидер на Црна Гора Мило Гукановиќ се одрече од својот некогашен политички ментор Слободан Милошевиќ. Загребски „Јутарњи лист“ ја анализира политичката ситуација во оваа земја а во прв план ги става - Србите и Русите.

НАТО спорен

И овој пат на изборите се судираат две непомирливи струи-процрногорската, зајакната со скоро членство во НАТО, и радикално просрпската, зајаната со проруски интерес. Затоа ни овој пат ни социјалните, ни политичките програми не се во игра. Повторно е „да се биде или не“ како што вели Мило Ѓукановиќ-не е прашање кој ќе биде на власт, туку дали воопшто Црна Гора ќе ја биде.

Фаталистичка и апокалиптична кампања на опстанок е повторно на дело. Значи, во неделата на 16 октомври граѓаните на 17 листи (кои собираат 34 партии) ќе изберат 81 застапник на следните четири години, пишува Јутарњи.

Независност

Факт е дека просрпските партии соберени во ДФ никогаш не се помириле со црногорската независност па често ја оспоруваат. Но овој пат основна линија на изборите е членство на Црна Гора во НАТО и Косово, а вежен е и меѓународниот додаток на тој напнат изборен процес на вплетканост на Русија.

Имено, Мило Ѓукановиќ отворено ја обвинил просрпската опозиција дека е на платниот список на Москва, а дека средствата доаѓаат преку Србија, Република Српска и СПЦ. И заменик генералниот секретар на владеачката Путинова партија Обединета Русија Сергеј Железњак му посакал победа на Демократскиот фронт. Русија многу болно ја примила веста дека Црна Гора ќе се зачлени во НАТО и подигна голема прашина околу тоа.

Сам на избори

Мило Ѓукановиќ прв пат излегува на избори сам, без досегашниот партенр СДП кој со самостојниот излез ризикува да не го помине прагот па Ѓукановиќ можеби ќе мора да се потпре на маллцинските партии (бошњачката, албанската и хрватската). С епретпоставува дека руско-српските играчи Клуч и ДФ би можеле да влезат во коалиција и да ја загрозат ДПС кои најверојатно ќе освојат подеднакво најмногу мандати.

Ѓукановиќ затоа настојува да го мобилизира процрногорскиот дел од гласачите па веројатно мноу Црногорци (повторно) ќе го затнат носот и ќе им прогледаат преку прсти на обвинувањата на сметка на Ѓукановиќ за корупција, непотизам и гувернаторско однесување.


Слично

Поврзани вести