Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора повеќе нема да увезува албански краставички

Црна Гора повеќе нема да увезува албански краставички
Забрана на увоз на одредени земјоделски производи од Албанија воведе Владата на  Црна Гора. Причината за ова е откривањето на големи количества на препарати за заштита. Црногорското министерство за земјоделство конфискуваше големи количества на краставици од Албанија и во нив е откриено големо количество на пестицидот „спироксамин“. Станува збор за количество кое го надминува и она нормалното кое го пропишува ЕУ. Оваа одлука  е донесена по активирање на програмата за мониторинг над препаратите за заштита кај зелечукот и овошјето.
Слично

Поврзани вести