Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора: Потрошувачката кошница во јуни била 801 евро

Црна Гора: Потрошувачката кошница во јуни била 801 евро
Вкупната вредност на минималната потрошувачка кошница за минатиот месец изнесувала 800,9 евра, соопштиле од MONSTAT, пренесува РТЦГ. Од тој износ, на храна и безалкохолни пијалоци отпаѓаат 261,6 евра, на непрехрамбени производи и услуги, 347,8 евра, а на „вредноста на импутирана рента“, отпаѓаат 191,5 евра. Потрошувачката кошница во јуни, во однос на мај, забележала пад од 0,8 отсто. Вредноста на минималната потрошувачка кошница за храна и безалкохолни пијалоци во јуни, во однос на мај, забележала пад од 1,2 отсто. Вкупната вредност на минималната потрошувачка кошница во јуни оваа година, споредено со јуни минатата година, е зголемена за 1,3 отсто.
Слично

Поврзани вести