ЦРНА ГОРА: Плажите поскапи од пансион
Црна Гора најевтина медитеранска дестинација-да или не?
Прашањето се наметнува по тврдењата на туристичките посетители на Црногорското приморје дека јужното Јадранско море оваа сезона значајно е подостапно од соседните и од друга страна-цени за влез на песочните брегови од кои се врти во глава.
Во Црногорското туристичко здружение истакнуваат дека понудата, во пакет со сместување, храна и останати пропратни елементи, е поевтина и до 30 отсто отколку во околината, дури и во Грција, која и покрај кризата задржа прилично високи цени на летувањето.
Цените на сместување во приватни соби и апартмани, кои се движат од 10 до 15 евра за ноќ, завсно од местото и удобноста, како и хотелски полупансиони од 36 до 50 евра тоа го потврдуваат. Што, меѓутоа, домаќините вбројуваат во „пропратни елементи“ не е наведено. Ако тука се мисли на на плажите, посебно на оние најпознатите, тогаш таа понуда не е ниту малку евтина. Напротив.
На тие песочни плажи, со исклучителна убавина, кои служат воглавно за хотелските гости, не може да се пријде ако не се плати дебела дневна карта за наем на пакет лежалки и чадор.
Плажите во Милочер и на Свети Стефан, кои секако се најпривлечни на јужниот Јадран, прогласени се за хотелски. Закупецот на адаптираниот хотел „Милочер“ и градот-хотел Свети Стефан, грчката компанија „Адријатик пропертис“ не им дозволува пристап на гости кои не се сместени во хотелот.
На кралската плажа и десната светистефанска плажа, може да се дојде, но гостинот треба да плати користење на две лежалки и чадор од 75-до 120 евра. Толку, да речеме, чини седумдневен аранжман во приватно сместување.
Многумина ќе речат, па зарем таканаречниот обичен гостин мора да се капе на тие плажи? Не мора ако не „престојува“ во околината, во приватни куќи кои се природно и отсекогаш биле упатени токму на тие споменати места за капење. Тие не се и малку, а нивните сопственици воглавно живеат од издавање на кревети. Од друга страна и на речиси сите други плажи влезот е слободен, но воглавно е задолжителен и пакетот лежалки.
А нивниот дневен наем чини од 10 до 15 евра па и повеќе. Многу е мал делот на песочни места на кои гостинот може да дојде со пешкир и свој чадор.
Летната сезона на барската ривиера влегува во шпицот , туристи, според официјални податоци на Туристичката организација на Бар, има повеќе од лани, но вонпансионската потрошувачка е далеку од очекувањата . Пополнетоста во рестораните, кафе баровите, зафатеноста на плажните мобилари потврдуваат дека вонпансионската потрошувачка е на ниско ниво отколку минатата година.
Туристите го купуваат воглавно она што го мораат. Со некои понуди се шокирани и самите туристи. Во барската населба Шушањ комплет ручек чини неполни 4 евра, на брегот на морето во Студениот залив може да се руча за 4,99 евра, а на градската плажа во Бар комплет лежалки чини 10 евра.
Кревет во приватно сместување може да се најде за пет евра дневно. Влезот на сите плажи на барската ривиера е слободен но на повеќето места за пешкири има многу малку а лежалки многу.
Ова лето на барската ривиера, како и во претходните најбројни се туристи од Србија, Русија, потоа од Полска, Чешка, БиХ, Македонија и Украина.
