Црна Гора откри кој стои зад лажните дојави за бомби
Црна Гора откри кој стои зад лажните дојави за бомби, поради кои учениците се префрлија на онлајн настава.
Станува збор за малолетен државјанин на Чешка, кој не бил поврзан со Црна Гора, информираше црногорската полиција. Мејлот го носел насловот „Сите ќе умрете“, а испраќачот а се заканил дека со автоматска пушка во рацете се упатил кон училиште во главниот град Подгорица. Полицијата им се заблагодарува на меѓународните партнери, особено на чешката полиција и на амбасадата на Чешката Република во Црна Гора. Извештаите за наводно поставени бомби во црногорските училишта дошле од е-пошта под името Ричард Рамирез, а авторот се претставил како Владислав Поздњаков од руската екстремистичка група Машка држава.
Долго време во земјава има лажни дојави за бомби. Закани имаше дури и за трговски центри, Народна банка, а дојави имаше и за училишта во Кавадарци и Крива Паланка.
