Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРНА ГОРА: Невремето урна мостови од 400 тони

ЦРНА ГОРА: Невремето урна мостови од 400 тони

Невремето вчера во Црна Гора урна мостови од 400 тони, а има и две жртви. Meдиумите пренесуваат дека се работи за мостови високи 30 метри. 

Најпогодени се  пристаништата Бар, Будва, Котор и Улцињ, каде како последица на бурните ветрови проследени со обилни врнежи и грмежи, евидентирана е голема материјална штета.

Ветерот ги урна сите три претоварни моста тешки повеќе од 400 тони, како и три дигалки во пристаништето Бар, откорна дрвја во повеќе општини во централниот и јужниот регион, урна покриви на куќи и згради, а беше прекинато снабдување со електрична енергија во делови од земјата.

Улиците на крајбрежјето беа под вода, а најкритично беше во Будва. Оштетени се неколку возила и чамци.

Турски државјанин загина во Чањ, а Д.П.(60) од Тиват загина на градилиштето на теренот за голф во Луштица.

Невреме вчера имаше во Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. 

фото подгорички времеплов

Слично

Поврзани вести