Црна Гора не се соочува со банкрот
Гувернерот на Централната банка на Црна Гора Милојица Дакиќ изјави дека земјата не се соочува со банкрот, иако постои сериозен ризик алуминиумскиот комбинат Подгорица да не биде во можност да ги отплати кредитите за кои црногорската Влада има обезбедено гаранции.
- Ако биде потребно дополнително финансирање на буџетот, извори треба да се бараат со зголемување на Данокот на додадена вредност и евентуално воведување привремен данок на платен промет, изјави Дакиќ.
Според Дакич последиците за време на економска криза ги трпат сите и граѓаните и економијата.
Доколку не се применат мерки за консолидација најмногу загрозени би биле обичните граѓани поради опасноста од неисплата или големо задоцнување во исплатата на платите и пензиите, истакна гувернерот на црногорската Централна банка, јави Танјуг.
Дакиќ предупреди дека буџетскиот дефицит е на високо ниво, како и дека јавниот долг бележи брз раст.
- Сепак сведоци сме дека се прават значителни напори за фискална консолидација. Овие напори даваат позитивни резултати, а сериозно се разгледуваат и нови мерки. Затоа сметам дека не постои оправдан страв дека Црна Гора е блиску до банкрот, изјави Дакиќ.
