Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора му одговори на Трамп

Црна Гора му одговори на Трамп

Црна Гора по медиумскиот притисок да реагира на коментарите на претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека тоа е земја на мирољубиви луѓе која нема намера да влегува во конфликти.

Владата на Црна Гора соопшти дека земјата е горда на својата историја и традиција и мирна политика „која ја доведе до позицијата стабилизирачка земја во регионот и единствена држава во која не се војуваше при распадот на поранешна Југославија“. 

Ова е реакција на црногорската влада на изјавата на претседателот на САД Доналд Трамп за Фокс њуз, во која Црна Гора ја опишаа како мала држава со „многу силни и агресивни луѓе“ која би можела да започне Трета светска војна, мислејќи на конфликт со Русија.

Во оваа прилика, се огласи и американската амбасада во Подгорица, која соопшти дека „САД со гордост ја сметаат Црна Гора за сојузник“ и дека земјата продолжува да игра активна улога преку својот придонес во мисијата на НАТО во Авганистан.

Слично

Поврзани вести