Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора ќе распродаде 13 компании во државна сопственост

Црна Гора ќе распродаде 13 компании во државна сопственост
Советот за приватизација и капитални проекти на Црна Гора, со кој претседаваше црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, денеска го утврди предлог - планот за приватизација, според кој само годинава се предвидува тендерска продажба на 13 компании во државна сопственост. Според планираното, уште годинава на продажба одат - Јадранско бродоградилиште, Новиот тутунски комбинат, Монтекарго, Монтенегро ерлајнс, Будванска ривиера, Улцињска ривиера и Институтот за црна металургија. На ист начин ќе бидат продадени и фабриката за електроди - Плужине, фабриката Полиекс - Беране, Институтот „Симо Милошевиќ“ во Игало, марината во Бар, Монтенегро Дифенс Индустри од Подгорица и хотелот „Парк“ во Бијела. Најголемо внимание привлекува одлуката за приватизација на црногорскиот национален авиопревозник „Монтенегро ерлајнс“, а предвидено е Владата да се ослободи од вкупниот државен удел од 99.89% во авиокомпанијата. На одреден број клучни локации, како што се: островот Ластавица со тврдината Мамула, воено-туристичкиот комплекс Бигово, улцињската Велика Плажа, Ада Бојана и други, ќе се реализираат проекти за модернизација во јавно-приватно партнерство. Советот оваа листа веќе и ја испратил на црногорската Влада на разгледување.
Слично

Поврзани вести