Црна Гора ја изгуби контролата над епидемијата
Црна Гора ја изгуби контролата над коронавирусот.
Директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје, Игор Галиќ изјави денеска дека не ја контролираат епидемијата.
„Во последните седум дена, едно лице се разболува на секои две и пол минути, или едно лице умира на секои 150 минути“, рече Галиќ.
Тој вели дека „локалното пренесување се изразува и се зголемува“ и дека 13% од населението е веќе заразено или се заразило со коронавирус. Во последните 24 часа починаа 13 лица, а вкупно 1.111 за време на епидемијата. Во последните седум дена починаа 65 лица.
„Процентот на позитивни, новорегистрирани случаи во однос на бројот на тестирани веќе подолго време се движи од 25 до 30 проценти. За да можеме да кажеме дека контролираме една епидемија, тој сооднос мора да биде пет проценти”, нагласи Галиќ.
