Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора го зголеми ДДВ-то од 17 на 19 проценти

Црна Гора го зголеми ДДВ-то од 17 на 19 проценти
Црногорскиот парламент вчера го изгласа законот со кој данокот на додадена вредност (ДДВ) се зголемува од 17 на 19 проценти, објавија црногорските медиуми. Влада преку ова зголемување очекува зголемување на приходите во буџетот од 35 до 40 милиони евра годишно. Тоа, како што појасни црногорската влада, нема да се одрази на стандардот на граѓаните, бидејќи за некои производи обезбеди понизок данок од седум проценти. Со понизок ДДВ од седум проценти, како и досега, ќе се оптоваруваат главните прехранбени производи(леб, брашно, млеко и млечни производи, бебешка храна, масло, месо и шеќер), лекарства, книги и учебни помагала, весници, компјутерска опрема, ноќевања за туристи, јавниот транспорт, погребалните услуги, билети за спортски и културни настани.  
Слично

Поврзани вести