Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора го враќа, а Албанија го зголемува времетраењето на полицискиот час

Црна Гора го враќа, а Албанија го зголемува времетраењето на полицискиот час

Поради големиот број заразени со коронавирусот, Црна Гора го враќа, а Албанија го зголемува времетраењето на полицискиот час. 

Во Црна Гора се воведува полициски час од 21 часот до 5 часот утредента и забрана за меѓуградски сообраќај за време на викендите, објави денеска директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ. Угостителските објекти ќе бидат отворени до 18 часот. Во Будва и Тиват, каде епидемиолошката состојба е посложена, се забрануваат јавни собири на отворено и на затворено, а угостителските објекти нема да работат, како и компаниите што се занимаваат со непрехранбени производи. Забранети се спортски настани. Црна Гора веќе две недели се наоѓа на прво место во Европа по бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 на 100.000 жители.

Албанија ги заостри антиковид мерките, по незапирливиот тренд на новозаразени и починати од опасниот вирус, посебно овој месец, во просек по 1.050 дневно.

Врз основа на одлуката на Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата, од утре полицискиот час ќе почнува 20:00 часот наместо 22:00 како што тоа беше од 11 ноември лани кога по вторпат беше воведена оваа мерка во земјата.

Слично

Поврзани вести