Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора го усвои буџетот за 2014

Црна Гора го усвои буџетот за 2014
Парламентот на Црна Гора доцна синоќа го усвои буџетот за наредната година кој е проектиран на 1,5 милијарди евра. Буџетот го поддржаа 44 пратеници од владеачката коалиција, додека 24 претставници на опозицијата беа против. Во владеачката коалиција, го оценија буџетот како реален, додека опозицијата смета дека тој е неодржлив и дека е последица на погрешната владина финансиска политика. Министерот за финансии посочи дека најголем дел од буџетските расходи за наредната година се однесуваат на издатоци на пензии, плати, социјални давачки и камати. Тој нагласи дека платите и пензиите ќе бидат редовно исплаќани и нема да бидат намалени.  
Слично

Поврзани вести