Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора го чека „Лидл“ за да поевтини храната

Црна Гора го чека „Лидл“ за да поевтини храната


Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ отворањето на „Лидл“ го гледа како решение за пониски цени во неговата земја, откако германскиот амбасадор најави дека овој синџир на малопродажба наскоро ќе започне со работа во земјата.

Спајиќ рече дека компанијата би можела да ги реши „сомнежите дека цените на храната во Црна Гора растат по договор на трговските синџири“.

Во меѓувреме заедно со поскапувањето на храната во Црна Гора, расте и заработувачката на четири од петте големи трговски синџири во таа земја: „Воли“, „HD Lakovic“, „Idea-Franca“ и „Арома“.

Сопствениците на четирите синџири маркети само лани биле во вкупна добивка од 20 милиони евра.

Меѓународниот трговски синџир „Лидл“ досега купил три големи локации во Црна Гора за своите идни мегамаркети, а компанијата претходно не сакала да зборува за плановите за Црна Гора, ниту за рокот кога би можеле да почнат со работа.


Слично

Поврзани вести