Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора еден чекор поблиску до ЕУ

Црна Гора еден чекор поблиску до ЕУ
Пет нови поглавја беа отворени денеска за Црна Гора на Меѓувладината конференција во Брисел. Две од нив, поглавјата 23 и 24 Европската унија ги означи како клучни за евроинтеграциите. Отворањето на новите поглавја го објави на Твитер комесарот за проширување, Штефан Филе кој смета дека е важно граѓаните на Црна Гора да ги увидат ефектите, а акционите планови за поглавјата во делот на владеење на правото да се спроведат во утврдените рокови. Владеењето на правото, темелните слободи и битката против корупцијата сега најважни за членството на Црна Гора во ЕУ, смета Филе.
Слично

Поврзани вести