Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора дозволи истополови бракови

Црна Гора дозволи истополови бракови

20 истополови партнери чекаат да го кажат судбоносното ДА, откако од денеска црногорските власти ги дозволија истополовите бракови. Како што пренесува „Радио-телевизија Црна Гора“ во земјата на сила стапува Законот за животно партнерство на лицата од ист пол, па истополовите партнери откако ќе го кажат „судбоносното да“ можат да добијат уверение за склучениот брак.

Овој ден го чекале цели 10 години, вели во изјава за „Дневне новине„ претседателот на Управниот одбор на „Квир Монтенегро“, Даниел Калежиќ.

„Ова за нас е презначајно бидејќи конечно нашите семејства ќе бидат и законски препознаени. После 10 години од првата иницијатива, ние сме чекор поблиску до рамноправност. Сепак, законот не решава сè, чекаме уште 26 закони за бидат дополнети, односно да бидат складни со промената за во пракса да можеме да ги користиме сите права кој законот ни ги дозволува“, изјавил Калежиќ.


Слично

Поврзани вести