Црна Гора должи 1,84 милијарди евра
Државниот долг на Црна Гора на крајот на септември изнесувал речиси 1,84 милијарди евра или 52,5 отсто од БДП, соопштија од Централната банка на Црна Гора.
Од банката наведоа дека гаранциите на Црна Гора во тој период изнесувале 271,9 милиони евра или 7,7 отсто од БДП, односно 14,7 отсто од државниот долг.
Од тоа, како што соопштија од банката, странските гаранции на Црна Гора изнесувале 240 милиони евра или 6,8 отсто од БДП, односно 13 отсто од државниот долг на крајот од септември.
Слично
