Црна Гора дава купони за хотели за вакцинираните граѓани
И Црна Гора со привилегии ќе ги мотивира граѓаните да се вакцинираат.
Вакцинираните граѓани во Црна Гора добиваат купон за престој во хотели. Станува збор за туристички купон во износ од 50 евра на сите граѓани постари од 50 години кои ја примиле првата доза на вакцината против коронавирус во јули. Тие што ќе добијат купон, преку СМС порака ќе бидат известени каде и во кој временски период можат да го користат купонот, како и детали поврзани со резервации во хотели. За 24 часа во Црна Гора се регистрирани 28 нови случаи на коронавирус. Претходно, на вакцинираните им се нудеше гратис пијалок во угостителските објекти.
foto freepik
Слично
