Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црна Гора брои ситно до влез во ЕУ, Кошта кажа кога би се приклучила

Црна Гора брои ситно до влез во ЕУ, Кошта кажа кога би се приклучила

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека процесот на проширување на Европската Унија(ЕУ) повторно добива силен импулс, посочувајќи ја Црна Гора како најсериозен кандидат за следна членка на европското семејство.

Тој оцени дека Црна Гора бележи значителен напредок на патот кон полноправно членство.

„Веќе го броиме времето до следното проширување на Унијата. Црна Гора е најнапредната земја во пристапниот процес и постои реална можност да стане следна членка на ЕУ до 2028 година“, изјави Кошта.

Тој потсети дека црногорските институции веќе започнале подготовки за завршната фаза од преговорите со Брисел, што претставува важен чекор во процесот на интеграција.

Според Кошта, односите меѓу Европската Унија и Црна Гора во изминатите две децении се пример за успешна соработка и постепено усогласување со европските стандарди.

„Она што е постигнато во последните 20 години е навистина импресивно. Тоа покажува дека реформите и посветеноста носат конкретни резултати“, нагласи претседателот на Европскиот совет.

Црна Гора со години се смета за најнапреден кандидат во процесот на пристапување, а евентуалното членство до 2028 година би претставувало прво проширување на Европската Унија по повеќе од една деценија.

Според албанскиот премиер, Еди Рама, никој не знае кога Албанија ќе стане членка на Европската Унија(ЕУ). 

Слично

Поврзани вести