Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРН ОКТОМВРИ ВО СРБИЈА - се остварија стравувањата, само во тој месец починале 14.666 лица

ЦРН ОКТОМВРИ ВО СРБИЈА - се остварија стравувањата, само во тој месец починале 14.666 лица

Се остварија претскажувањата на погребниците од Србија, кои укажуваа дека октомври е најлошиот месец во таа земја оваа година. Според последните податоци на Републичкиот завод за статистика, минатиот месец во Србија починале 14.666 лица, што е најмногу од почетокот на годината и за 6.313 повеќе од октомври минатата година.

Во последните две години бројот на починати бил поголем само во декември лани, кога починале 17.321 лице. Бројот на починати во октомври годинава е поголем од разликата во бројот на починати во 2020 година во однос на 2019 година.

„Бројот на умрените лица во Република Србија во периодот јануари-октомври 2021 година изнесува 108.379, а во однос на истиот период минатата година, кога бројот на умрените лица изнесуваше 86.798, има зголемување за 21.581 или 24,9 отсто“, се наведува во соопштение на Републичкиот завод за статистика.

Минатата година, во 2020 година, во Србија починале повеќе од 114.954 лица, 13.991 повеќе отколку во 2019 година. Најголем број починати имало во декември, дури 17.321. 

Годинава, до доаѓањето на податоците за октомври, рекордот по број на починати е во март со 12.952.

Гробари од речиси сите градови сугерираа дека најмногу работа имале во текот на октомври и дека за жал овој тренд продолжи и оваа година.

Имајќи предвид дека во многу градови покојниците се погребуваат во недела, а воведени се утрински термини за погреби, што досега не било пракса, додека во некои градови погребите се закажуваат за 4, 5, 6, па и 7 дена.

Слично

Поврзани вести