Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРН ДЕН ЗА ЦРНА ГОРА: Скоро 300 заболени и 8 починати

ЦРН ДЕН ЗА ЦРНА ГОРА: Скоро 300 заболени и 8 починати

Откако почна пандемијата, денеска Црна Гора бележи најлоши бројки во однос на бројот на заразени од коронавирусот. 

Имаат нови 296 позитивни, но и 8 починати. 

Во земјата сега има 3.448 активни случаи, што е 547 на 100 илјади жители, и тоа е убедливо најмногу во регионот.

Според епидемиолозите овие бројки се поради политичките митинзи на власта и опозицијата за време на парламентарните избори.

За повеќе од три месеци, од средината на јуни, кога започна вториот бран на епидемијата во Црна Гора, 137 луѓе починале од коронавирусот, а скоро 9.000 се заразени.

Во првиот бран, од средината на март до почетокот на мај, кога беа воведени рестриктивни епидемиолошки мерки, државата имала само 9 починати и 324 заразени.

Слично

Поврзани вести