Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРН БИЛАНС ВО БОСНА: Пронајдено е уште едно тело на лице кое настрада во поплавата

ЦРН БИЛАНС ВО БОСНА: Пронајдено е уште едно тело на лице кое настрада во поплавата

Пронајдено e 21-то тело на жртва во северна Херцеговина, oдносно има вкупно 24 загинати во поплавите во Босна. 

Во областа Коњиќ, откриено е телото на уште една жртва. Градоначалникот на Коњиќ, Осман Ќатиќ, за локалните медиуми потврди дека спасувачките екипи го пронашле телото на жртвата од областа Бутуровиќ Поље, а во тек е извлекувањето на оваа жртва од наносот на вода и кал.

Со тоа бројот на жртвите од северниот дел на Херцеговина се искачи на 21, а три лица загинаа во Фојница.

Најголем број луѓе загинаа во одрони од карпи во населбата Доња Јабланица, каде што, исто така е тешко оштетена железничката пруга и целосно е прекината врската со пристаништето Плоче.

Во пристаништето Плоче во моментов има 400.000 тони разновидна стока за БиХ. Железниците на Федерацијата Босна и Херцеговина секојдневно губат по околу 125.000 евра поради прекин на железничкиот сообраќај.

Некои луѓе загубија и по неколку члена од семејството во поплавите. 

Слично

Поврзани вести