Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРН БИЛАНС: професии со најголема смртност!

ЦРН БИЛАНС: професии со најголема смртност!
Според бројот на смртни случаи предничи градежниот сектор во кој лани се регистрирани 9 несреќи со фатален крај. Како клучни причини високата смртност, според наодите од “Студијата за безбедност при работа“, се пад од височина и не носење на лична заштитна опрема, однсоно непреземени безбедни мерки на работниот простор. Македонија, лани имала стапка на смртност при работа од 4,08% и во однос на 2012 та ова ниво се намалува, но сепак во споредба со Велика Британија, каде овој процент изнесува само 0,5 отсто, земјава се посочува дека е во групата со прилично висока стапка на фатални несреќи. Ланската 2013 – рекордер по несреќи со фатален крај .. Официјално, на годишно ниво животот  на работно место го губат околу 30 работници. Истражувањето на Македонското Здружение за заштита при работа покажува дека лани се случиле 98 несреќи на работно место, од нив 28 биле со фатални последици. Новата “Студија за безбедност и здравје при работа покажува дека црните статистики за повредени и загинати на работно место не запираат. Пораст на бројот на работници со телесни повреди при работа констатираат и Извештаите на Државниот инспекторат за труд. Така, во 2010 та година имало 625 повредени, во 2011 та 786, во 2012 та бројката се зголемила на 1 446 а во 2013 та е регистриран благ пад на 1 338 повредени лица на работно место. Во истиот анализиран период расте и бројот на несреќи си фатални последици. Колку работници загинале: 2010    12 смртни случаи 2011    12 смртни случаи 2012    13 смртни случаи 2013    16 смртни случаи Како клучни причини за фатален крај на несреќите, според истражувањето се пад од височина и не носење на лична заштитна опрема, однсоно непреземени безбедни мерки на работниот простор. Македонија, лани имала стапка на смртност при работа од 4,08% и во однос на 2012 та ова ниво се намалува, но сепак во споредба со Велика Британија, каде овој процент изнесува само 0,5 отсто, земјава се посочува дека е во групата со прилично висока стапка на фатални несреќи. “Жал ми е да констатирам, но речиси по едно лице неделно гине на работно место. Честопати кога зборуваме за смртните случаи, општата популација има претстава дека најголема смртност има во градежништвото. Да тоа котира високо во оние сектори со најголем ризик и удел според бројот на несреќи со фатални последици, но сепак анализите покажуваат дека предничи земјоделството“ – вели Милан Петковски од Македонското здружение за заштита при работа. Според анализата, лани,  најголем број на повреди на работно место се случиле  во преработувачката индустрија, додека најмногу смртни случаи имало во градежната индустрија. Повредени на работа: Преработувачка индустрија     330 Градежништво                           205 Здравство, соц.работа              138 Трговија                                      135 Услужни дејности                       104 Транспорт                                     66 Ел,енергија                                   54 Јавна управа, одбрана                51 Образование                                51 Рударство                                    46 Води                                              39 Земјоделство                               33 Администрација                           29 Уметност, забава                         10 Хотели, ресторани                        21 Финансии                                       13 Информации                               11 Недвижности                                  1 Стручни науки                                1 Според бројот на смртни случаи лани, предничи градежниот сектор во кој се регистрирани 9 несреќи со фатален крај, потоа следува рудаството со еден случај, преработувачката индустрија со три смртни случаи, и по еден во транспортот, трговијата и секторот на недвижности. Да се делува превентивно Според експертите, и покарј законската регулатива, состојбата со неисполнување на безбедносните стандарди при работа и натаму е проблематична. “Еве, ќе прочитате “Внимавај, подот е лизгав“, зошто архитектот на пример не користел материјал за да биде тоа така. Или на патот Гостивар-Тетово ќе прочитате “Внимавајте, животни на пат“, зошто не се ставаат огради. Значи, прашањето е дека треба да се делува превентивно. Сметам дека треба да се земат предвид и да се уважат препораките на инжинерите за безбедност при работа и нивното мислење треба да е важно уште од самиот почеток на проектите. Сега архитетктите и обичните инжинери пишуваат по две, три страни проект за безбедност, но тоа не можат тие да го оценат и да го кажат, тоа треба да го оценат стручњаците за безбедност. Значи постојат технички прописи и на некој начин сметам дека тие не се следат, односно почитуваат.“ – вели универзитетскиот професор Александар Гроздановски и додава: “Со оглед на законската регулатива што беше усвоена од 2007 ма година па наваму, доста се високи казните и глобите за фирмите, и сакајќи или не принудно работата некако се турка. Има некое подобрување во делот со заштита на работниците при работа, но проблемите сеуште не се решени.“ Официјалните статистики се една работа, неофицијалните покажуваат една друга состојба на терен, велат од Македонското здружение за заштита при работа. “Годишно до државниот инспекторат се пријавувааат и по 1600 повреди на работно место, но сигурен сум и можам со сигурност да тврдам дека таа бројка е многу поголема бидејќи голем дел ид повредните на работно место не се пријавуваат поарди страв на работниците да не го загубат работното место“ – оценува Петковски. Според истражувањата на Европската фондација за подобрување на условите за живеење и работа, од анализирани 34 земји, од кои 27 членки на ЕУ, Македонија заедно со Хрватска, Турција, Косово, Црна Гора, Албанија и Норвешка има највисоко ниво на изложеност на физички ризици, кои според истражувањето ги има речси во сите дејности. Д.А.
Слично

Поврзани вести