Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРН БИЛАНС НА КОСОВО: Починаа 36 од ковид, најрестриктивните мерки на сила, движење до 22 часот, учениците во школо од 13. септември

ЦРН БИЛАНС НА КОСОВО: Починаа 36 од ковид, најрестриктивните мерки на сила, движење до 22 часот, учениците во школо од 13. септември

Според најновите податоци што ги објави косовското Министерство за здравсто, во последното деноноќие има 1.630 новозаразени со ковид, а и бројот на починати од компликациите од болеста е многу висок и изнесува 36.

Инаку, од денска на сила се новите најрестриктивни мерки. Имено, владата ги враќа полицискиот час, ограничување на работното време на угостителските локали и го одложува стартот на учебната година.  Движењето на Косово е дозволено од 05 часот наутро до 22. Рестораните, кафулињата, баровите ќе работат само до 21.30 часот, и тоа само на терасите и со користење на 70 отсто од капацитетот.

Учебната година за основците и средношколците ќе стартува на 13. Септември.

Забранети се свадбите и останатите семејни веселби, како и организираните ученички екскурзии. За влез на Косово потребна е потврда за вакцинираност со една или две дози, негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, или серолошки тест не постар од 30 дена. Лицата што не поседуваат еден од тие документи треба под заклетва да потпишат изјава за седумдневна самоизолација, или за напуштање на земјата во рок од три часа.


Слично

Поврзани вести