Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црквата стои, верниците протестираат,а Жерновски оди кај Архиепископот Стефан

Црквата стои, верниците протестираат,а Жерновски оди кај Архиепископот Стефан
Иако Жерновски неколкупати појасни дека нема да се урива црквата „Св. Константин и Елена“ пред Домот на АРМ, незадоволните граѓани и денеска кршеа прозорци и маваа со јајца во бараките на општина Центар, додека внтре се одржуваше седница на советот. Потешкиот крај го извлече еден демонстрант кој беше полесно повреден и една од советничките во Центар која заврши со стакло во очите, по кршењето прозорци од страна на демонстрантите. На почетокот на седницата, советниците од ВМРО-ДПМНЕ неколку часа со процедурални забелешки пробуваа да го одложат носњето на дневен ред и расправата за како што посочија, скандалозните точки за деталниот урбанистички план „Мал Ринг“ . Претходно пак изјавија дека се револтирани бидејќи седницата се држи зад затворени врати, а тие биле известени со СМС пораки за нејзиното одржување денеска. За време на протестот во неколку наврати интервенираше полицијата. За утре градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски најави дека ќе се сретне и со Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан, во просториите на МПЦ- Охридска Архиепископија.
Слично

Поврзани вести