Црквата и религијата имаат огромно влијание, но истополовите двојки ќе може од сега да посвојуваат деца
Грчкиот парламент денеска го изгласа Законот, со кој на хомосексуалните двојки им се дозволува да чуваат деца. Законот беше донесен и покрај спротивставувањето на десницата. Текстот беше изгласан со гласовите на 161 пратеници, а 103 гласаа против.
Во салата присуствуваа 264 пратеници од вкупно 300-те во Парламентот, откако неонацистичката партија Златна зора побара поединечно гласање за Законот. Легислативата беше усвоена со помош на гласовите на владејачката СИРИЗА и левичарската опозиција. Конзервативната Нова демократија се спротивстави на оваа реформа.
Слично
