Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црковни лопати продадени за 10.000 евра, ама не се обични!

Црковни лопати продадени за 10.000 евра, ама не се обични!
Македонската православна црква - Охридска Архиепископија денеска инкасираше десет илјади евра од продажбата на три лопати на аукција. Не станува збор за обични, туку за златна, сребрена и бронзена лопата кои бе употребени за да се стави камен-темелник на црквата Света Лидија Македонска, во скопската населба Ченто. Златната беше продадена за 5.000 евра, сребрената за 3.000 евра, додека бронзената достигна цена од 1.500 евра. Златната лопата заврши во рацете на ктиторот на црквата Ѓорѓи Вуков, а бронзената - кај градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски. Во наддавањето учествуваше и скопскиот градоначалник Коце Трајановски, но тој не успеа да купи ниту една лопата. Парите од аукцијата ќе одат во црковната каса.
Слично

Поврзани вести