Економија, финансии, бизнис

Контакт

Credit Suisse ќе се спасува со позајмица-ќе бидат ли доволни 50 милијарди франци?

Credit Suisse ќе се спасува со позајмица-ќе бидат ли доволни 50 милијарди франци?

Цената на акциите на Credit Suisse вчера во еден момент потона за цели 30 отсто, откако најголемиот доверител на банката, Саудиската национална банка, објави дека повеќе не е во можност да и дава финансиска помош, бидејќи ќе ја надмине законската ограничување на сопственичкиот удел до 10 проценти. Имено, таа банка лани учествуваше во докапитализацијата на Credit Suisse, вредна 4,2 милијарди долари, остварувајќи сопственички удел од 9,9 отсто.

Credit Suisse вчера вечерта соопшти дека ќе позајми до 50 милијарди швајцарски франци од Швајцарската народна банка, за да ги увери инвеститорите дека ги има потребните пари за да продолжи да работи.

„Оваа дополнителна ликвидност ќе ги поддржи основните бизниси и клиентите на Credit Suisse бидејќи банката ги презема неопходните чекори за реструктуирање на своето работење, создавајќи поедноставна и пофокусирана банка изградена околу потребите на клиентите“, велат од банката.

На ова реагира финансискиот пазар ширум светот.


Слично

Поврзани вести