Cрбија остварила приход од патарините во износ од 130 милиони евра
Гужвите на автопатите и километарските колони на наплатните рампи и граничните премини, предизвикаа многу нервози кај возачите, пишува српски Дневник.
И во ЈП „Патишта Cрбија“ велат дека не се сеќаваат на автопатите во Cрбија да имало толку возила, што е добра знак. Поради зголемувањето на бројот на возила, се очекува и повеќе пари од патарините.
Во „Патишта Cрбија“ велат дека во јули и во август оваа година е забележан пораст на сообраќајот за 6,7 посто, а приходите од наплата на патарините за околу 6,1 посто, во однос на истиот период лани.
Приходот од патарините, во првите шест месеци од годинава е зголемен за 4% во однос на истиот период лани. Колкав ќе биде годишниот пораст на приходите од патарините, зависи од обемот на сообраќај во преостанатите четири месеци, но е сосема извесно дека ќе биде поголем за околу 4,5 до 5%.
Остварените приходи од наплата на патарина минатата година изнесувале 14,7 милијарди динари. Во „Патишта Cрбија“ проценуваат дека оваа година приходите остварени од патарините, ќе достигнат износ од 15,4 милијарди.
Слично
