Cоцијалдемократите се подготвени за предвремени избори
Партијата е подготвена за предвремени парламентарни избори, соопшти лидерот на CДCМ, Зоран Заев синоќа во Штип. Единствен услов на социјалдемократите, како што пренесува МИА, е да се вградат препораките на ОБСЕ и ОДИХР во Изборниот законик.
Според Заев, теоретски не е можно предвремени парламентарни избори да има во септември, бидејќи е поминат рокот за нивно распишување, но, како што рече, доколку парламентарното мнозинството одлучи да се одржат, тие се подготвени како политичка партија да излезат на избори.
Првиот препораките на ОБСЕ и ОДИХРоцијалдемократ бил дециден дека нема да дозволат корумпирани избори и дека ќе се борат против тоа на сите можни начини што ги имаат на располагање.
„Во општинските организации, меѓу кои и во Штип, во тек е постапката за избор на ново раководство, кое ќе биде избрано на демократски начин и ќе донесе нова свежина, но и нова програма и платформа на СДСМ“ - соопшти Заев.
Тој синоќа во Штип присуствуваше на свеченото отворање на новите простории на Општинската организација на СДСМ-Штип во Трговскиот центар.
Слично
