Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цивилна мобилизација, серија штрајкови и големо незадоволство во Грција

Цивилна мобилизација, серија штрајкови и големо незадоволство во Грција

Грчките синдикати прогласија национален штрајк и серија протести поради граѓанската мобилизација што ја најави Владата.

Синдикатот на држаните службеници АДЕДИ одлучи утре да организира национален штрајк, во 10 часот и 30 минути по локално време во Атина. Исто така заедно со синдикатот на вработените во приватниот сектор ГСЕЕ ќе учествуваат и во четиричасовните протести и во четврток.

Претходно грчката Влада, предводена од конзервативците, најави дека се воведува цивилна мобилиација за за околу 85.000 наставници за да ги спречи со штрајк да го нарушат оддржувањето на приемните испити на факултетите, што ќе се оддржат од 17 до 31 мај.

Владата третпат годинава Владата презема таква мерка, што е предвидена во случај на природна катастрофа или национална криза. Според најавите, синдикатите на наставниците планираа на 17 мај да почнат штрајк со почитување на минимум од процесот на работа. Незадоволни се од воведувањето на подолго работно време и недоброволно преместување на наставниот кадар.

Слично

Поврзани вести