Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Цивил“ откри гласачи регистрирани во станови што не постојат

„Цивил“ откри гласачи регистрирани во станови што не постојат
Набљудувачи на невладината организација „Цивил“ откриле сериозни пропусти во евиденцијата на гласачите во избирачкиот список. На адреса „Петар Дељан“ бр. 11 во Кисела Вода се впишани избирачи кои живеат во 5-от и 6-от влез на зграда која има само два влеза. Во друга зграда, гласач бил впишан дека живее во станот број 22, а на последниот кат од таа зграда се становите со броеви 16 и 17. „Очигледно има повеќе влезови на хартија и непостоечки гласачи кои се на Избирачкиот список. Но, тие не се единствени. Ќе ја информираме Државната изборна Комисија, како и странските набљудувачи  и чекаме разврска на сево ова“, изјави претседателот на „Цивил“ Џабир Дерала. Тој најави дека набљудувачите на оваа организација ќе продолжат да ги проверуваат информациите и за други прекршувања. Нивните набљудувачи забележале изборни вработувања во Охрид и индиции за постоење на двојни лични карти на лица кои гласаат и во Скопје и во Свети Николе. Во Велес, пак, било забележано дека вработени во јавната администрација предвреме ги напуштале работните места за да присуствуваат на партиски митинг.
Слично

Поврзани вести