Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Citigroup“ предупредува за можен распад на еврозоната!

„Citigroup“ предупредува за можен распад на еврозоната!
Големите реструктуирање на долговите на Кипар и Грција ќе ги принудат двете земји да ја напуштат еврозоната, посочуваат од „Citigroup“ во последниот економски извештај во кој финансиската институција предупредува пазарите да се подготват за нов бран на зголемени стравувања за распаѓање на европската монетарна унија, јави CNBC. Пазарите и од двете страни на Атлантикот останаа релативно спокојни во март, кога Европската комисија (ЕК), Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја работеа  спасувачката програма за Кипар и откако владата во Никозија наметна мерки за контрола на капиталот и воведе данок на депозити над 100 илјади евра. Сепак ова не е крајот на кризата и изгледите за еврозоната не се воопшто розови, велат експерти од банката. „Ние продолжуваме да мислиме дека Кипар и Грција ќе се откаже од еврото, со текот на времето", се наведува во соопштението објавено синоќа. Од „Citigroup“ предвидуваат дека еврозоната ќе остане во рецесија во текот на оваа и следната година, а во некои земји ќе биде исклучително длабока.  Во некоја фаза Кипар најверојатно ќе премине кон реструктуирање на државниот долг, што ќе ги загрози постоењето на европската монетарна унија. „Постојат многу можни сценарија кои може да предизвикаат нова ескалација на тензиите на пазарите. Но дури и тензиите да не пораснат толку силно, ЕЦБ наскоро пак ќе ги намали каматните стапки, најверојатно за време на средбата на одборот во мај ", се наведува во извештајот.
Слично

Поврзани вести