Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас загрижен од зголемените воени провокации на Турција

Ципрас загрижен од зголемените воени провокации на Турција

Алексис Ципрас, премиерот на Грција смета дека Анкара се повеќе загрижува со заострената реторика како и зголемените провокации на турската армија во пограничните води. 

– Во последно време таа ги засилува провокациите и придонесува за ескалација на состојбата на сите фронтови, изјави Ципрас на седница на неговата Влада.

Грчкиот премиер го повика Реџеп Таип Ердоган да ги ослободи двајцата приведени грчки војници кои по грешка ја преминале границата и завршиле во Турција, во знак на добра волја меѓу двете држави.

Грција бара нејзините војници да бидат пуштени од притвор и да бидат сместени во грчкиот конзулат додека трае судската процедура за утврдување на фактичката состојба со нивниот статус. 


Слично

Поврзани вести