Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас вели сакаат име кое ќе издржи низ времето

Ципрас вели сакаат име кое ќе издржи низ времето

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се надева дека за решавање на спорот за името одѕив ќе има и од Македонија, за која прашањето, според него, е од егзистенцијално значење.

Ципрас на регионална конференција за продуктивна реконструкција кажа дека посакува Македонија да го сфати тоа и да има сила да преземе тешки одлуки.

Грчкиот премиер истакна дека сакаат решение кое ќе издржи низ времето и затоа како предуслов се бара промена на Уставот на Македонија.

Вели дека се преговара за да се постигне решение кое ја гарантира грчката историја и нејзиното културно наследство, а во исто време ќе исклучува секаков вид на иредентизам од другата страна.

Слично

Поврзани вести